Во летниот период во Куманово зголемени количините отпад

– Се вратија нашите иселеници и може да забележиме дека сега за 30 проценти е зголемена количината на смет во Куманово. Претходните месеци се собираа над 100 тони, а сега се собираат над 150 тони смет. Предизвик е изнесувањето на сметот во пладневните и во попладневните часови, поради сообраќајниот метеж во градот во овој период од годината – изјави директорот на претпријатието, Ненад Стојановски

32

Во летниот период значително се зголемуваат количините на комунален отпад што ги собира ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово на дневно ниво, информираат од претпријатието.

Според нивните податоци, последниов месец било регистрирано зголемување на собраните количини смет за околу 30 проценти.

– Се вратија нашите иселеници и може да забележиме дека сега за 30 проценти е зголемена количината на смет во Куманово. Претходните месеци се собираа над 100 тони, сега се собираат над 150 тони смет. Предизвик е изнесувањето на сметот во пладневните и во попладневните часови, поради сообраќајниот метеж во градот во овој период од годината – изјави директорот на претпријатието, Ненад Стојановски.

Во централното градско подрачје, сметот се изнесува во три смени, на одредени локации и до четири пати во денот.

Од претпријатието велат дека ќе постават полуподземни контејнери на фреквентните локации во близина на трговските објекти, маркетите и на станбените единици, поради зголемената количина смет што ја прават. Претпријатието ги добило потребните дозволи за поставување на полуподземните контејнери и местата се веќе избрани.

Долгорочна интенција на претпријатието е да се постават полуподземни контејнери насекаде во Куманово и да се собира сметот само во ноќните часови.

ИЗДВОЕНИ