Лидерот на Сојузот на независните социјалдемократи Милорад Додик изрази солдарност со претседателот на Србија Александар Вучиќ во моментот кога, како што наведе, безбедносните служби ги апсат осомничените за планирање на атентат врз него.
„Зачудувачки и длабоко вознемирувачки е во земја која во овој век веќе доживеа атентат на својот премиер, да постојат такви кои се обидуваат да ги релативизираат или дури да ги исмеваат заканите по живот на претеседателот неговото семејство, напиша Додик на социјалната мрежа „Икс“, пренесе О21.
Таквиот однос, како што истакна, не е полтика.
„Тоа е опасно неодговорно однесување, кое ги поткопува безбедноста и стабилноста на целото општество. Политичките разлики се легитимни, но загрозувањето на безбедноста на кој било избран претседател на држава никогаш не смее да стане предмет на дневно политички пресметки, туку прашање на елементарна одговорност кон стабилноста и мирост“, наведе Додик.
Инаку, во Краљево беа уапсени двајца мажи за кои постои сомнеж дека подготвувале дела против уставното уредување и безбедноста на Србија, во врска со кривичното дело напад на уставното уредување“.












