Освен наградата на поетесата Размоска-Тримоска на годинашното издание на реномираниот поетски фестивал, кој станува заштитно лице на Гостивар, жири-комисијата во состав Бранко Цветкоски, Габриела Петроска и Гордана Страшевска за најдобар странски автор го прогласи поетот од Србија, Душан Стојковиќ. Првата награда ѝ припадна на Катерина Момева од Битола, втората на Марија Чолакова од Струмица, а третата – на Игор Поп Трајков од Скопје. За најуспешна млада искра е прогласена шеснаесетгодишната Софија Стојанова од Струмица.
Поетесата Лидија Размоска-Тримовска од Скопје го освои гран-прито на традиционалното 12. издание на меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри“, кој се одржува во Гостивар. Нејзе и на уште неколкумина учесници им беа врачени признанијата на пригодна свеченост во Центарот за култура АСНОМ.
Жири-комисијата на годинашното издание, во состав Бранко Цветкоски, Габриела Петроска и Гордана Страшевска, за најдобар странски автор го прогласи поетот од Србија, Душан Стојковиќ. Првата награда ѝ припадна на Катерина Момева од Битола, втората на Марија Чолакова од Струмица, а третата – на Игор Поп Трајков од Скопје. За најуспешна млада искра е прогласена шеснаесетгодишната Софија Стојанова од Струмица.
Размоска-Тримовска е македонска поетеса што пишува есеи, раскази, осврти на книги, хаику и поезија за деца. Таа е дипломиран педагог и магистер по менаџмент во образованието. Својот пат во светот на литературата го започнала во средношколските денови, а била член на литературните клубови во Охрид и во скопскиот „Мугри“. Активно се занимавала со радиоводителство и со книжевни презентации. Нејзината поезија досега е објавена во различни списанија и антологии.
Во периодот додека работела во културно- информативниот центар „Култура 365“ во Охрид, била вклучена во проекти што имале цел зачувување на македонскиот јазик помеѓу Македонците во Мала Преспа, Р Албанија. Работела како кустос во спомен-собата посветена на холандскиот писател А. ден Долард, кој е во рамките на културно-информативниот центар „Култура 365“. Исто така, во тој период (2010-2014) била организатор на промоции на книги и на изложби во културниот центар, уредник и дел од редакцијата на книгите на авторот Мишо Јузмески и на Наум Трајчески.
Пред свеченото доделување на наградите, дванаесеттемина финалисти пред љубителите на поезијата ги прочитаа своите песни со кои учествуваа на конкурсот. Оваа година, во двете возрасни категории се пријавија 173 поети од: Македонија, Романија, Албанија, Србија, Хрватска, Црна Гора, Босна и Херцеговина. Дел од наградените имаа свое видеообраќање поради неможноста за присуство.
Во рамките на манифестацијата беше промовирана најновата заедничка поетска збирка „Литературни искри“. Организаторот, здружението „Милениум“, традиционално им додели плакети на наградените поети, а на другите финалисти и застапени автори во заедничката поетска збирка од домашни автори.
Фестивалот се одржа по дванаесетти пат, како дел од одбележувањето на 24 Мај, денот на првите македонски просветители, светите браќа Кирил и Методиј. Одржувањето беше поддржано од Министерството за култура, во соработка со НУЦК АСНОМ – Гостивар.












