Светскиот јавен долг би можел да надмине 100 % од глобалниот домашниот бруто-производ до крајот на оваа деценија, што би било највисокото ниво на долг од 1948 година, по Втората светска војна, покажува последниот извештај на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).
Во својот последен „Фискален монитор“, Фондот предупредува дека растечките трошоци за сервисирање на долгот ги оптоваруваат државните буџети, додека трошоците за одбрана растат во исто време, а стареењето на населението дополнително го зголемува притисокот врз финансиите.
Постои ризик глобалниот јавен долг да достигне дури 123 % од глобалниот БДП до 2029 година, забележува ММФ.
Во извештајот се наведува дека периодот на евтино задолжување, кој траеше помеѓу глобалната финансиска криза и пандемијата на коронавирусот, е завршен и дека трошоците за сервисирање на долгот веќе ги оптоваруваат буџетите.
– Каматните стапки значително се зголемија на глобалните пазари, а нивниот иден пат е многу неизвесен – додаваат авторите на „Фискален монитор“.
Фондот, исто така, нагласува дека значителен дел од владините трошоци одат на плати, во просек 25 % во развиените економии или 28 % во земјите во развој.
Кога е веќе националниот долг на високо ниво, ваквите фиксни трошоци го ограничуваат фискалниот простор на владите, бидејќи голем дел од буџетот е веќе врзан за овие ставки однапред.
Според најновиот извештај, вкупниот долг, кој ги вклучува јавниот, корпоративниот, финансискиот долг и долгот на домаќинствата, достигнал 337,7 трилиони долари на крајот од вториот квартал од 2025 година, што е зголемување од над 21 трилион долари во однос на првата половина од годината.
Овој број е многу пати поголем од глобалниот БДП, кој се проценува на околу 110 до 115 трилиони долари, така што глобалниот долг сега изнесува дури 324 % од светското економско производство. Иако е малку понизок од врвовите на пандемијата, овој сооднос, сепак, покажува колку е задолжена светската економија.
Јавниот долг е главен двигател на растот и сега надминува 102 трилиони долари. Најголем придонес имаат земјите од Г7, кои продолжуваат да бележат високи дефицити поради постпандемската потрошувачка и трошењето за енергетска транзиција.
Во исто време, земјите во развој се соочуваат со рекордни долгови: вкупно над 109 трилиони долари, што е 242,4 % од нивниот БДП. Кина, Индија, Бразил и Полска забележаа најголеми номинални скокови, главно, поради инфраструктурни проекти и економски стимулации.
Св