Малопродажните цени на дизелот и на мазутот се намалуваат, а цената на бензините и на нафтата за домаќинствата не се менува, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Соред одлуката, малопродажната цена на дизелот се намалува за 2,50 денар и од полноќ литарот дизел ќе чини 70,50 денари.
Бензинот од типот „еуросупер-95“ е чини 77,50 денари, додека литар бензин од типот „еуросупер-98“ ќе чини 79,50 денари.
Масло за горење „екстра лесно 1 (ЕЛ-1)“ и натаму ќе се продава по цена од 72,00 денари, а цената на мазутот се намалува за 1,499 денари и ќе чини 40,188 денари по килограм.
Од Регулаторната комисија соопштија дека во овј период референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 3,613%, кај дизелот намалувањето е во просек за 5,146% $/тон, кај екстра лесното масло намалувањето е во просек за 4,462% и кај мазутот намалување во просек за околу 4,906%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,0856%.