– Повеќето хернии се јавуваат во долниот дел од ‘рбетот – лумбалната регија, но, исто така, може да се појават и во цервикалната регија. Знаците и симптомите зависат од големината на хернијалниот диск и од постоењето компресија на нервите. Најчестите знаци и симптоми на хернијален диск се: болки во нозете или во рацете, вкочанетост или пецкање, cлабост и вртоглавица – вели физиотерапевтот Илија Жежов.
Дискус хернија е состојба што се јавува кога е оштетен интервертебралниот диск (главно, влакнестиот прстен – делот лоциран на периферијата од интервертебралниот диск), што овозможува да излезе неговата еластична желатинозна содржина (јадро пулпосус).
Хернијалниот диск, поради контакт или компресија што се врши врз нервите или врз ‘рбетниот мозок, може да предизвика болка, вкочанетост и слабост во рацете и во нозете.
Не сите луѓе што имаат хернијален диск ги доживуваат овие симптоми, но во повеќето случаи е така.

Знаци и симптоми на хернијален диск
Повеќето хернии се јавуваат во долниот дел од ‘рбетот – лумбалната регија, но, исто така, може да се појават и во цервикалната регија. Знаците и симптомите зависат од големината на хернијалниот диск и од постоењето компресија на нервите.
Најчестите знаци и симптоми на хернијален диск се: болки во нозете или во рацете, вкочанетост или пецкање, cлабост и вртоглавица.

Дијагноза и третман
Дијагнозата се поставува со правење РТГ, МР или компјутер, а најчесто се открива и со преглед во нашата ординација, за кој ни се потребни десетина минути.
Во нашата ординација, оваа состојба се третира со масажа, вежби и со корективна екстензија што се состои од повеќе методи важни за самата дијагноза.
Третманот нема несакани ефекти, а реакцијата се чувствува по само неколку часа од аплицирањето на третманот.
Третманите траат од 10 до 21 ден, во зависност од дијагнозата.
(Авторот на текстот е специјалист по здравствен фитнес. Ординација ФИЗИОТЕРАПЕВТ – ЗДРАВЈЕ Гостивар).












