Македонската фудбалска репрезентација имаше историска можност преку редовните квалификации да се пласира на едно Светско првенство, а таа шанса беше ускратена од Португалија пред нешто повеќе од три години, кога „рисовите“ загубија од оваа селекција на гости во Порто со 2:0. Токму Диого Жота беше асистент на еден од головите кои ги постигна Бруно Фернандеш. Поточно, тој му асистираше на капитенот на Манчестер Јунајтед при вториот гол, кој практично значеше и крај на сонот за Македонија.

Откако направивме вистинска сензација во Палермо, совладувајќи ја Италија во самата завршница со погодокот на Александар Трајковски (0:1), „црвено-жолтите“ се надеваа на уште една сензација, која ќе значеше и пласман на СП во Катар, но тоа остана само пуста желба за нашите репрезентативци. Португалија славеше и замина на СП, а ние дома.

ИЗДВОЕНИ