Во Штип по 17. пат ќе се одржи традиционалната Штипска пастрмалијада, а и овој пат ќе пее една од најголемите звучни балкански музички ѕвезди. Минатата година тоа беше сплиќанецот Петар Грашо, а сега (на средината на септември), како што (не)официјално дознаваме со своите хитови во живо, присутните ќе ги забавува Дино Мерлин или како што му е вистинското име Един Дервишхалидовиќ.
Босанскиот поп-пејач неодамна има изјавено дека во Македонија секогаш е угостен како на Македонците да им е некоја најблиска роднина. Такви му биле впечатоците, а веројатно дека така и ќе остане. Штипјаните се познати како одлични домаќини. Останува се уште непознато дали Дино ќе пее на Градскиот стадион што е веројатно многу можно поради огромен интерес на многубројната публика или тоа ќе биде на сцената специјално направен на улицата „Ванчо Прќе“.
Во секој случај организаторите ветуваат фантастична забава а, за таквата забава обезбедено е и одличното озвучување. Останува да се стрпиме и да им се предадеме во Штип на вкусовите на пастрмалија и хитовите од Мерлин: „Кога ми кажа дека ме сакаш“, „Супермен“, „Мојот живот е Швајцарија”, „Хотел Национал“, “Кога човекот сака жена”….. (Д.М.) фото:Инстаграм