ДИК ќе ги применува важечките одредби од Изборниот законик кои предвидуваат и кандидирање на групи на избирачи

155

Државната изборна комисија на денот на распишувањето на локалните избори ќе даде сите соодветни објаснувања околу постапките за кандидирање. Ова денеска го изјавија во ДИК за весникот ВЕЧЕР како одговор на дилемите кои постојат во јавноста околу кандидирањето на независните кандидати на претстојните есенски избори.

-Ние ќе постапиме по законот. На денот на распишувањето на локалните избори ние ќе оддржиме јавна седница на која ќе го донесеме роковникот за сите дејствија врзани за локалните избори. Ќе го одредиме календарот на сите изборни дејствија и ќе дадеме сите соодветни упатства, па и оние кои се однесуваат до кандидирањето на независните кандидати. Ќе има упатство до Општинските изборни комисии каде што се поднесуваат кандидатурите – ни изјавија денеска во ДИК.

Оттаму додаваат дека целосно ќе ги испочитуваат важечките одредби на Изборниот законик.

-Во Изборниот законик има важечка одредба која ги опфаќа партии, коалиции и групи избирачи. Група на избирачи се однесува на кандидати од редот на граѓаните. Ние целосно ќе го применуваме законот – изјавија во ДИК. (Б.Ѓ.)

 

ИЗДВОЕНИ