
„И понатаму длабоко жалам поради грешките што ги направи владата што ја водев и целосно сочувствувам со сите оние кои страдаа“, додаде тој.
„Се што можам да кажа е дека вклучени дадоа се од себе“, во посебно тешки околности“.
Џонсон смета дека заклучоците од јавната истрага се „збунувачки и „очајнички некохерентни“.
Тој вели дека истрагата не одговорила на две клучни прашања: „Од каде дојде вирусот: И дали карантините се исплатуваа за ужасната цена што ја плативме?“
Групата која опфаќа семејства чии членови починале од Ковид повика во петото на укинување на сите финансиски и институционални погодности што ги ужива поранешниот премиер.
„Недозволиво е од ожалостените семејства да го финансираат начинот на живот на човекот чии одлуки доведоа до смртта на нашите сакани“, рекоа тие.
Обединетото Кралство забележа 226.000 смртни случаи поврзани со пандемијата, што е една од најлошките европски статистики.











