Десетици записи на ФБИ од интервјуа со сведоци како дел од истрагата за осудениот сексуален престапник Џефри Епштајн недостасуваат од огромната колекција документи објавени од Министерството за правда на САД минатиот месец, покажа анализата на Си-Ен-Ен. Меѓу нив, недостасуваат три интервјуа со жената која го обвини американскиот претседател Доналд Трамп за сексуален напад пред неколку децении.
Според анализата на Си-Ен-Ен, списокот со докази што им го доставила на адвокатите Гислен Максвел, соработничка на Епштајн, содржи сериски броеви за околу 325 записи од ФБИ за интервјуа со сведоци. Сепак, се чини дека повеќе од 90 од овие записи, или повеќе од една четвртина од записите, не се објавени на веб-страницата на Министерството за правда.
Меѓу исчезнатите документи се три записи поврзани со жена која им кажала на агентите дека Епштајн постојано ја злоставувал од нејзината 13-годишна возраст, која исто така го обвинила и Трамп за сексуален напад.
Одговор на Белата куќа
Пратеник на демократите во вторникот предупреди за наводно исчезнати документи, доведувајќи ја во прашање комплетноста на откритијата на Министерството за правда и дали администрацијата на Трамп го почитувала законот што бара откривање на досиеја поврзани со Епштајн.
„Имаме жртва која изнесе сериозни обвинувања против претседателот“, изјави за Си-Ен-Ен пратеникот Роберт Гарсија, водечки демократ во Претставничкиот дом. „Нема голем број документи, постојат можни разговори што ФБИ ги водело со жртвата, кои едноставно ги нема и ние немаме пристап.“
Трамп постојано негира каква било поврзаност со злосторствата на Епштајн. „Белата куќа“ ги нарече обвинувањата против Трамп „лажни и сензационални“ во соопштение за медиумите и се повика на претходната изјава на Министерството за правда дека „некои од документите содржат лажни и сензационални обвинувања против претседателот Трамп“.
Детали за исчезнатите документи поврзани со жената што го обвини Трамп претходно беа објавени од НПР и независниот новинар Роџер Соленбергер.
Министерствоза правда на САД: Ништо не е избришано, се е објавено
Гласноговорникот на Министерството за правда изјави дека не е избришано ништо. „Ништо не е избришано, сите релевантни документи се објавени“, рече тој. Додаде дека документите што не се вклучени во публикацијата се „дупликати, или класифицирани поради тековни федерални истраги“. Тој не одговори на дополнителни прашања за конкретни списи.
Можно е некои од документите наведени во доказите на Максвел да се најдат некаде на друго место во досиејата без сериски броеви, или броевите се редигирани. Многу документи се исто така отстранети и повторно додадени на веб-страницата на Министерството за правда во следните денови по првото објавување.
Минатата недела, анализа на CNN откри дека недостасуваат десетина дополнителни извештаи од интервјуата, но тие беа достапни онлајн од вторник попладне. Еден од двата записници од доказите исто така беше офлајн минатата недела, но сега е повторно достапен. Портпарол на Министерството за правда изјави дека е „привремено отстранет“ за да се редактираат чувствителните информации за жртвите.
Сепак, неколку жртви се пожалија дека се обиделе да ја пребараат веб-страницата на Министерството за да пронајдат датотеки од нивните интервјуа и изјави до ФБИ, но не можеле да ги пронајдат.
Експертите се загрижени бидејќи наводно недостасуваат датотеки означени со 302 со интервјуа и други материјали поврзани со десетици сведоци. Се вели дека тие документи се клучни за разбирање на повеќегодишната истрага на ФБИ за Епштајн и Максвел.