понеделник, февруари 2, 2026
Дома БАЛКАН Десет земјотреси за три дена на Халкидики

Десет земјотреси за три дена на Халкидики

324

Нов земјотрес со јачина од 3,7 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди подрачјето на Халкидики, на 111 километри југоисточно од Солун.

Како што објави Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC) на својата веб-страница, земјотресот чиј епицентар бил на длабочина од 10,9 километри се случил во 06:04 часот по локално време, а бил почувствуван во северна Грција и делови од Бугарија и Турција.

Тоа беше 10-ти земјотрес во серијата земјотреси што го погодија подрачјето на Халкидики во изминатите три дена, пренесува Нова.

Најсилниот земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала се случи на 7 јуни.

ИЗДВОЕНИ