среда, јануари 28, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА „Денот кога зборуваат работниците“: Започна протестот на Сојузот на синдикати за зголемување...

„Денот кога зборуваат работниците“: Започна протестот на Сојузот на синдикати за зголемување на платите/ФОТОГАЛЕРИЈА

90
Foto: P.Stojanovski

Протестот на Сојузот на синдикати во Македонија за зголемување на минималната плата на 600 евра и 100 евра линеарно зголемување на сите плати, започна.

Она што можеме првично да го забележиме на терен е големата масовност, односно пред зградата на Сојузот на синдикати пристигнуваат работници од сите страни, очевидци велат дека има неколку илјади.

Пред зградата на Сојузот на синдикатите, претседателот Слободан Трендафилов им порача на работниците „не застануваме, ќе продолжиме да протестираме се до зголемување на платите“, и додаде: „Масовната присутност на протестот го побива фактот дека само на малкумина им требало заголемување на платите. Масовноста покажува дека народот е со синдикатот“. (А.С.)

ИЗДВОЕНИ