четврток, јуни 4, 2026
Дома МАГАЗИН „Денес е Велигден“, нов хит на Лени Партикова: спотот е снимен во...

„Денес е Велигден“, нов хит на Лени Партикова: спотот е снимен во црквата „Рождество на Пресвета Богородица“

226

Популарната македонска пејачка, Лени Партикова, која покрај песните се прослави и со неколку концерти, а во пресрет на Велигден големиот христијански празник, најавува нова многу симболична песна со наслов „Денес е Велигден“. А, ние новинарите сме тука да го регистрираме секој нејзин успех. Заслужува!  – Песната е создадена со многу љубов и претставува посвета за празникот Велигден, кој сите го очекуваме нестрпливо.  Таа е мојот личен подарок за публиката во Македонија и во дијаспората, вели Партикова (и, за весникот ВЕЧЕР).

Песната ги слави верата, традицијата и заедништвото. Јас сум автор на текстот, со јасна пораката за љубов, мир и духовна радост. Сакав преку стиховите да ја доловам убавината на македонската традиција, црквите, народот и празничната атмосфера што Велигден ја носи со себе.

– Спотот за песната го снимивме во црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ и затоа има силна симболика, па на спотот му дава посебна духовна тежина. Тој почнува со кадри од камбанаријата и со звукот на камбаните, со што гледачите на спотот ја чувствуваат свечената празнична атмосфера. Потоа следува моето влегување во црквата, момент на прекрстување и оставање јајце – симбол на Велигден. Во текот на видеото се преплетуваат кадри од црковниот хор, иконите, верниците и прекрасните сцени со деца кои носат велигденски јајца со украсите. Во видеото има многу динамика и традиционални македонски елементи, раскажува Лени восхитено.Приказната постепено се гради од мирна духовна атмосфера во црквата, до радосна прослава во дворот. Има прекрасни сцени со ората, со народот, целото тоа фамилијарно заедништво… А, сето тоа кулминира со силна порака на крајот, кога сите заедно извикуваат „Христос Воскресе – Навистина Воскресе“. Тоа е моментот што ја заокружува целата емоција која се протега низ спотот. Сакам да упатам огромна благодарност до црквата „Рождество на Пресвета Богородица“, до црковниот хор со маестро Андреј Наунов, како и до КУД „Шара“. Благодарна сум им и на дечињата Христина, Јована, Анѓа, Ива, Петра, Борјан, Стефан, Горан и Џан Дестановски кои внесоа искрена радост во спотот. Благодарност и до моите Ане, Емче, Снеже и Нада, мојот брат Васе Партиков, како и до целиот тим кој учествуваше во реализација на спотот. Музиката и аранжманот се на Љупчо Павловски, а режијата е на маестро Жарко Ѓорѓески, додека продукцијата е дело на докажаниот Дејан Горгиев од Арт-продукција.

Најемоционален, но и најсилен момент беше кога децата заедно извикуваа „Христос Воскресе“! Тоа беше искрено, емотивно, чисто и полно со радост – токму како што треба да се почувствува Велигден. Се надевам дека песната ќе допре до срцата на луѓето, дека ќе ја почувствуваат топлината, верата и љубовта што ја вложивме. Ова е песна за сите генерации, за Велигден. Песната со видеото премиерно ќе биде емитувана на прв ден Велигден. Убедена сум дека тоа е мојот искрен велигденски подарок за сите љубители на македонската песна, кој го подарувам од душа. За здравје, љубов и мир во секое наше семејство.

 

 

ИЗДВОЕНИ