четврток, јуни 4, 2026
Дома СВЕТ „Артемис 2“: Зрак надеж за истражувачите во мрачно време за науката

„Артемис 2“: Зрак надеж за истражувачите во мрачно време за науката

Откако се врати на власт, американскиот претседател Доналд Трамп зазеде цврст став кон научниот сектор, намалувајќи го финансирањето, откажувајќи проекти и драстично намалувајќи го персоналот

151
EPA/CHRISTOPHER NEUNDORF

Пред четирите астронаути на „Артемис 2“ да поминат зад Месечината, кулминацијата на нивната експедиција, персоналот на НАСА се собра во познатата контролна соба на мисијата во Хјустон за групна фотографија, сите насмеани и покрај тешката година за науката во Соединетите Американски Држави.

Откако се врати на власт, американскиот претседател Доналд Трамп зазеде цврст став кон научниот сектор, намалувајќи го финансирањето, откажувајќи проекти и драстично намалувајќи го бројот на вработени.

Мисијата на НАСА, која орбитира околу Месечината за прв пат по половина век и подалеку во вселената од кога било досега, токму затоа е здив на свеж воздух за научниците, соопштија денес француските медиуми.

Зад тимовите собрани во Хјустон, бројачите отчукуваа додека вселенското летало Орион се приближуваше кон Месечината, успех што крунисува тру до години.

Повеќето Американци, вклучувајќи ги и истражувачите на НАСА, не биле ни родени кога мисиите Аполо првпат ги испратија луѓето на Месечината кон крајот на 1960-тите.

Легендата имаше истакнато место во умовите на луѓето, но сè до сега остана во минато време.

Трамп врши притисок врз НАСА да испрати астронаути на Месечината пред крајот на неговиот втор мандат во 2029 година. Но, минатата недела, Белата куќа предложи намалување од 23 проценти на вкупниот буџет на вселенската агенција и значително намалување на финансирањето за нејзините научни програми.

И како и многу владини агенции на САД, НАСА се соочи со големи намалувања на персоналот, објасни Клејтон Своуп од Центарот за стратешки и меѓународни студии (CSIS).

Затоа, „Артемис 2“ беше спроведена под многу тешки услови, рече тој.

Во таков контекст, успешното лансирање на вселенското летало и извршувањето на мисијата се „вистински поттик за моралот“, рече истражувачката на НАСА, Аманда Нам, пренесе агенцијата Бета.

ИЗДВОЕНИ