Ден на победата во Москва: На Црвениот плоштад почнува воената парада/ВИДЕО

132
screenshot live video

Во Москва денеска се одржува голема прослава на Денот на победата, на која ќе присуствуваат бројни светски лидери, меѓу кои и кинескиот претседател Си Џинпинг, претседателите на Венецуела и Бразил, Николас Мадуро и Луис Инасио Лула да Силва, како и претседателот на Србија Александар Вучиќ и словачкиот премиер Роберт Фицо.

Рускиот претседател Владимир Путин за време на вечерата во чест на странските делегации рече дека 9-ти мај е свет датум за Русија, нагласувајќи ја клучната улога на СССР во победата над нацизмот, како и посветеноста на Москва за поправеден светски поредок и еднаква безбедност за сите.

Војниците од Азербејџан, Белорусија, Кина, Египет, Лаос, Казахстан, Киргистан, Монголија, Мјанмар, Таџикистан, Туркменистан, Узбекистан и Виетнам учествуваат на воената парада во Москва.

ИЗДВОЕНИ