вторник, јануари 20, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Делчевскиот градоначалник оствари средба со индиски бизнисмен

Делчевскиот градоначалник оствари средба со индиски бизнисмен

40

Градоначалникот на Општина Делчево, Иван Гоцевски, вчера, во својот кабинет, оствари работна средба со Ашок Џеин, директор на индиската компанија „Кришна ламикоут ПВТ Лимитед“.

Како што информираше Гоцевски, средбата е реализирана по заедничка иницијатива на индискиот бизнисмен и претставниците на локална приватна компанија од Делчево, со цел разгледување на можностите за потенцијална деловна соработка.

– На состанокот разговаравме за можностите за инвестиции во Делчево, за расположливите ресурси од различен капацитет, како и за законските рамки врз основа на кои би можела да се реализира евентуалната соработка. Посебно ме радуваат позитивните впечатоци и првите импресии што ги сподели нашиот гостин за убавините и за потенцијалите што ги нуди Општината – изјави Гоцевски.

Тој нагласи дека локалната самоуправа е подготвена да обезбеди целосна поддршка за сите сериозни инвеститори што имаат интерес да вложат во Делчево.

– Го уверив Џеин дека Општина Делчево, со целиот свој административен и институционален капацитет, ќе биде ставена во функција на неговите потреби и планови доколку се донесе одлука за конкретни инвестиции во нашата општина – нагласи Гоцевски.

Од Општина Делчево оценуваат дека ваквите средби се значаен чекор во насока на привлекување странски инвестиции и на отворање нови можности за економски развој на локално ниво.

Локалната самоуправа и во иднина ќе продолжи активно да работи на промоција на инвестициските потенцијали на Делчево и на создавање поволна деловна клима за домашните и за странските инвеститори.

 

ИЗДВОЕНИ