Дарио ќе ја промовира баладата „Ковчег со злато“ само за новинарите

36

Популарниот Дарио Панковски за овој понеделеник (22.12.) подготвува исклучително (деловноопуштено) дружење со новинарите, неговите долгогодишни поддржувачи, во скопската населба „Лептокарија“ (името на меаната се држи во тајност од практични причини, за да не се прави гужва), а сè поради промоцијата на најновата балада со занимлив наслов  „Ковчег со злато“. Интересот кај новинарите е огромен. Автор на музиката и на текстот е самиот Дарио, а Кристијан Габроски, неговиот постојан соработник, го направи аранжманот. Режисер на спотот со кој е визуализирана оваа моќна балада е Александар Ристовски-Принц.

Тоа ќе биде уште една негова убава песна во пресрет на празниците и со јасна животна порака. – Песната е воедно најава  за мојот нов албум, кој треба да излезе на музичкиот пазар до пролет. Многу се радувам, вели Дарио. И ние со него ја делиме радоста бидејќи не се сомневаме во тоа дека ќе имаме нови хитови кои веќе подолго време недостасуваат на македонската поп-сцена. (Д. М.)

ИЗДВОЕНИ