Данска и Гренланд упатија заедничко извинување за присилната контрацепција на Инуитите

97

Владите на Данска и нејзиниот полуавтономниот регион Гренланд заеднички се извинија денес за подложувањето на домородните девојки и жени од Гренланд на присилна контрацепција до пред половина век, пренесе „Бета“.

Речиси 150 жени од Инуитите ја тужеа Данска и нејзиното Министерство за здравство минатата година, барајќи отштета бидејќи веруваат дека властите ги прекршиле нивните човекови права кога имплантирале интраутерини контрацептивни направи (спирала).

Некои од жените, вклучувајќи многу кои биле тинејџерки во тоа време, не биле свесни за тоа или не дале согласност.

Данските власти минатата година соопштија дека дури 4.500 жени и девојки, или половина од жените на Гренланд во репродуктивна возраст во тоа време, добиле спирали во 1960-тите и средината на 1970-тите.

Наводната цел била да се ограничи растот на населението во Гренланд, кое тогаш брзо растело поради подобри услови за живот и подобра здравствена заштита.

„Не можеме да го промениме она што се случи. Но, можеме да преземеме одговорност“, рече данската премиерка Мете Фредериксен, извинувајќи се во име на данската држава, признавајќи дека присилната контрацепција предизвикала физичка и психолошка штета.

ИЗДВОЕНИ