среда, октомври 21, 2026
Дома БАЛКАН Далмација под вода/ВИДЕО

Далмација под вода/ВИДЕО

0
Foto: Pexels

Вечерва, силна бура го погоди Сплит и поширокото подрачје на централна Далмација, каде што обилни дождови поплавија бројни патишта.

Бурата го зафати подрачјето на Трогир, а се прошири и на Сплит, Солин, Каштела, Подстрана и делови од далматинска Загора.

Голема количина дожд наврна за краток временски период, поради што бројни улици беа под вода, која достигна 30 сантиметри на некои улици во Сплит, јавуваат хрватските медиуми.

Поради неповолните временски услови, сообраќајот на неколку фериботски, катамарански и бродски линии беше прекинат, јавува Срна.

ИЗДВОЕНИ