Директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ), Драги Стојаноски, на маргините на 42-рото Собранието на Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ИКАО) во Монтреал, оствари значајна работна средба со висока делегација од Катар, предводена од претседателот на Катарските воздухопловни власти, Мохамед Фалех Ал-Хајри.

Од страна на директорот Стојаноски било побарано, што поскоро повторно воведување на директна линија помеѓу Скопје и Доха која за Македонија е од големо значење од аспект на развој на економијата, трговијата, туризмот, како и олеснувања за македонските патници, кои Доха би ја користеле како конектирачка точка за нивните патувања до останатите држави на Блискиот Исток, и летови до Азија, Австралија и Нов Зеланд.

– На средбата, првите луѓе на воздухопловните власти разговараа и за продлабочување и унапредување на билатералната соработка во областа на цивилното воздухопловство, преку размена на искуства, тренинг и обуки, взаемна помош и поддршка во процесите за оспособување на воздухопловен персонал, можност за студиски посети и обуки на работно место и користење на најдобрите искуства во насока на зголемување на безбедноста во цивилното воздухопловство – се наведува во соопштението од АЦВ.

Како што велат оттаму, средбата уште еднаш ги потврдила, исклучително пријателските односи меѓу двете земји и во духот на пријателството директорот Стојаноски ја потврдил поддршка на Македонија, за кандидатурата на Катар за членство во Дел III на Советот на ИКАО.

 

ИЗДВОЕНИ