недела, август 23, 2026
Дома МАГАЗИН ДА СЕ НАМАЛИ БРОЈОТ НА ТУРИСТИ ПО СЕКОЈА ЦЕНА: Туристичката такса во...

ДА СЕ НАМАЛИ БРОЈОТ НА ТУРИСТИ ПО СЕКОЈА ЦЕНА: Туристичката такса во Амстердам скока на 20 проценти

0

Амстердам, според владиниот план, ќе има туристички данок од 20 проценти до 2031 година, што е меѓу највисоките во светот, објавија денес холандските медиуми. Во Амстердам, туристичкиот данок моментално е 12,5 проценти, а градот сака помалку туристи, објави холандскиот јавен сервис НОС.

Со години, бројот на туристи во Амстердам наводно го надминувал максималниот број од 20 милиони ноќевања што го предвидел градот.

Туристичката такса, покрај ДДВ, се додава и на хотелското сместување, која оваа година беше зголемена од девет на 21 процент низ цела Холандија.

Како резултат на тоа, вкупниот данок на хотелско сместување во Амстердам ќе се зголеми од 21,5 проценти минатата година на 41 процент во 2031 година, што е речиси двојно зголемување.

Амстердам веќе има највисок туристички данок во Европа од 12,5 проценти. А наскоро, кога ќе се зголеми на 20 проценти, ќе биде еден од највисоките во светот, пренесува Танјуг.

ИЗДВОЕНИ