ЦУК презема мерки: Поради свлечиште загрозени четири куќи во тетовското село Шипковица, жителите се евакуираат

25

Поради обилните врнежи на дожд кои го зафатија западниот регион, преку единствениот број за итни повици 112 е добиена пријава за настанато свлечиште во селото Шипковица. Свлечиштето е во населено место кое претставува опасност за жителите, каде што директно се загрозени 4 куќи. Активиран е Кризниот штаб на Општина Тетово, а на терен се излезени лица од ЦУК, СВР Тетово и Градежен инспекторат од Општина Тетово.

Во моментот се преземаат мерки и се дадени насоки на месното население да го напуштат живеалиштето поради опасност од појавување на нови свлечишта, информираат од ЦУК на својата Фејсбук страница.

Исто така, ЦУК информира дека на територијата на Општина Штип евидентирани се одрони на камења на патниот правец Делчево – Истибања каде што екипи на ЈП Македонија пат редовно интервенираат и нема застои во сообраќајот.

Кај одроните на патот кон с.Моштица во Општина Македонска Каменица, од страна на екипи на ЈП Камена река е извршено чистење и сообраќајот на тој патен правец се одвива редовно, се додава во написот.

ИЗДВОЕНИ