ЦУК: Од вкупно 24 пожари на отворен простор, 6 се активни, 12 изгаснати, а еден ставен под контрола

38

Центарот за управување со кризи вечерва информира дека на ден 13.07.2025 година, до 20:30 часот, има вкупно 24 пожари на отворен простор, од кои 6 се активни и изгаснати се 18 пожари.

АКТИВНИ: 6

1. Општина Дојран: с.Николич (нискостеблеста шума);

2. Општина Чучер Сандево: с.Горњани (нискостеблеста шума);

3. Oпштина Велес 1: кај селата Џидимирци и Крушје (мешана шума);

4. Општина Македонски Брод: помеѓу с.Црешнево, с.Локвица, с.Крапа и с.Слатина (деградирана дабова шума,грмушки и ниска вегетација);

5. Општина Шуто Оризари: ул.Индира Ганди (отпад);

6. Општина Прилеп: нас.Три Багреми (ниска вегетација);

ПОД КОНТРОЛА: /

ИЗГАСНАТИ: 18

1. Општина Гази Баба: гробишта Камник (ниска вегетација);

2. Општина Гази Баба: ул.Душан Тавковиќ (нискостеблеста шума и ниска вегетација);

3. Општина Прилеп 1: Покрај патот хотел „Салида“ кон Битола (ниска вегетација);

4. Општина Прилеп 2: помеѓу селата Лажани и Ропотово (ниска вегетација);

5. Општина Ресен: с.Перово (трска);

6. Општина Охрид 1: с.Оровник (ниска вегетација и ѓубре);

7. Општина Охрид 2: нас.Далјан (ниска вегетација и ѓубре);

8. Општина Виница: с.Ласки (нива и ниска вегетација);

9. Општина Куманово 1: Во кругот на фабриката на ФЗЦ (ниска вегетација);

10. Општина Куманово 2: м.в.Пармакови ниви (ниска вегетација и депонија);

11. Општина Куманово: с.Умин Дол (ниска вегетација и стрниште);

12. Општина Старо Нагоричане: с.Пелинце кај маала Мишинци (ниска вегетација и ниска деградирана шума);

13. Општина Крива Паланка: с.Градец, м.в.Ѓошинска маала (ниска вегетација и дрва);

14. Општина Ранковце: с.Милутинци (отпад);

15. Општина Старо Нагоричане: с.Милутинци (депонија);

16. Општина Тетово: Кај Поправен дом во Тетово (ниска вегетација);

17. Општина Гостивар 1: Во близина на стадионот на Гостивар (ниска вегетација);

18. Општина Гостивар 2: с.Чегране (пченица).

ИЗДВОЕНИ