ЦУК: Од вкупно 20 пожари евидентирани на отворен простор, активни се четири, 15 се изгаснати, а еден ставен под контрола

25
Foto: Vecer.press

>Вкупно 20 пожари на отворен простор се евидентирани до 18:00 часот. Под контрола е ставен пожарот во дојранското село Николиќ, а активни се четири пожари: кај велешките села Џидимирци и Крушје, меѓу селата Црешнево, Локвица, Крапа и Слатина во општина Македонски Брод, во општина Чучер-Сандево – над црквата „Св.Троица“ кај село Чучер и во кумановското село Пчиња.

АКТИВНИ:

1. Општина Велес – кај селата Џидимирци и Крушје (мешана шума)

2. Општина Македонски Брод – помеѓу с.Црешнево, с.Локвица, с.Крапа и с.Слатина (деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација)

3. Општина Чучер Сандево – над Црквата Св.Тројца кај с.Чучер (мешана шума)

4. Општина Куманово – с.Пчиња (нискостеблести растенија и ниска вегетација)

ПОД КОНТРОЛА:

1. Општина Дојран – с.Николич (нискостеблеста шума)

ИЗГАСНАТИ: 15

1. Чучер Сандево – с.Горњани (нискостеблеста шума)

2. Гази Баба 1 – Смилковско Езеро (ѓубре)

3. Гази Баба 2 – с.Раштак према с.Љуботен (ѓубре)

4. Сарај 1 – с.Љубин (ѓубре)

5. Сарај 2 – с.Крушопек према с.Лака (ѓубре)

6. Кисела Вода – бул.Борис Трајковски (градежни материјали)

7. Битола – населба Баир (ѓубре)

8. Долнени 1 – с.Црнилиште (депонија)

9. Долнени 2 – с.Слепче (ниска вегетација)

10. Кичево – ул.Прилепска (дива депонија)

11. Струга – с.Враништа – Ложани (стрниште)

12. Штип – Лакавички пат (нискостеблеста шума и ниска вегетација)

13. Пробиштип – с.Петршино (ниска вегетација)

>14. Кратово – с.Туралево (грмушки и ниска вегетација)

15. Теарце – с.Слатино (ѓубре и ниска вегетација)

ИЗДВОЕНИ