Најмалку 93.000 луѓе се погодени од ненадејни поплави по должината на непалско-кинеската граница, соопшти денес „Црвениот крст“, додека спасувачите се мачат да стигнат до оддалечените рурални области на Хималаите.
Илјадници домови се уништени во катастрофата, изјави Дејвид Фишер, шеф на делегацијата на Меѓународната федерација на друштвата на „Црвениот крст„ и „Црвената полумесечина„ во Непал, пред новинарите во Женева.
Фишер ги повика агенциите за помош да планираат помош надвор од фазата на „непосредно преживување“, за луѓето да не „живеат под церади и шатори со месеци и месеци“, објави „Си-ен-ен“.
Заканата од повеќе поплави и бури предизвикани од монсуните ги забавува операциите за спасување, додека временските услови остануваат непредвидливи.
Висок функционер на Обединетите нации повика на „будност“ во наредните денови.
„Не сме виделе ваков настан предизвикан од планинска опасност во живо сеќавање“, рече Камал Кишор, специјален претставник на ОН за намалување на ризикот од катастрофи, во Женева.
Непалската полиција соопшти дека бројот на жртви од ненадејните поплави што ја погодија земјата се искачи на 543.
Екипите за пребарување и спасување продолжуваат со операциите во областите погодени од поплавите, а повеќе од 1.500 луѓе сè уште се водат како исчезнати, објави „Гардијан“.
Меѓу исчезнатите се стотици туристи од Индија, САД, Велика Британија, Австралија и Канада, како и еден српски државјанин, пренесува „Танјуг“.












