вторник, јануари 20, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Циклонот од Медитеранот никако да не одмине, врнежливо време до крајот на...

Циклонот од Медитеранот никако да не одмине, врнежливо време до крајот на неделава

70

Под влијание на циклонска активност со центар над Медитеранот и на серија на влажни воздушни бранови до недела во Македонија времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд кои повремено и тоа особено во западните  и во јужните предели ќе бидат обилни и во овие предели на повеќе места ќе наврнат над 30 литри дожд, локално и над 50 литри дожд, објави Метеоаларм.

И во Скопје и околината за време на овој период ќе има повремени врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни и во делови од котлината ќе наврнат над 25 литри дожд.

Ќе дува слаб до умерен ветер најпрвин од југоисточен а потоа од северен и од североисточен правец и истиот повремено ќе засилува на интензитет.

На високите планини над 1800/1900 метри надморска височина повремно врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег.

Што се однесува до температурите тие наутро насекаде ќе бидат над нулата а максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 14 степени а во Скопје и околината температурата ќе се искачува до околу или малку над 10 степени.

ИЗДВОЕНИ