Целосно се реконструира улицата „44“ во Кисела Јабука на територијата на општина Ѓорче Петров.
Од Општината нагласија дека со тоа значително ќе се подобрат условите за движење, безбедноста и квалитетот на живот на жителите од овој дел на општината.
– Инвестициите во локалната инфраструктура остануваат еден од нашите главни приоритети, бидејќи токму преку вакви проекти решаваме долгогодишни потреби на граѓаните и создаваме подобри услови за секојдневно функционирање. Подобрена патна инфраструктура. Поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот. Поквалитетни услови за живот – соопштија од Општина Ѓорче Петров.
Оттаму додаваат дека ќе продолжат посветено да работат и да реализираат проекти што носат конкретни резултати и придобивки за граѓаните на Ѓорче Петров.












