Царска гозба за Виткоф и Кушнер во Москва: Еве од што се состоеше нивното мени од 300 евра

4
EPA/KRISTINA KORMILITSINA / SPUTNIK / KREMLIN POOL MANDATORY CREDIT

Пратеникот на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, и зетот на американскиот лидер, Џаред Кушнер, потрошија околу 25.000 рубли (околу 300 евра) за ручек во московски ресторан.

Пред средбата со рускиот претседател Владимир Путин во Кремљ, Виткоф и Кушнер се шетаа низ Москва во придружба на генералниот директор на RFDIF, Кирил Дмитриев, и ручаа во московски ресторан во близина на Црвениот плоштад.

Дмитриев се шеташе низ Москва со Виткоф облечен во јакна со автограм од Путин.

Салатите што ги јадеа членовите на американската делегација чинеа приближно 3.500 рубли (околу 40 евра), топлите јадења се движеа од 1.500 до 7.500 рубли (17-85 евра), а десертите беа приближно 2.700 рубли (околу 30 евра).

Вкупниот оброк без пијалоци ги чинеше гостите најмалку 25.500 рубли (околу 300 евра).

Престаникот на американскиот претседател Стив Виткоф и зетот на американскиот лидер, Џаред Кушнер, јадеа посикунчики (пити), филе од еленско месо и препелица со хељда, а за десерт, шарлотка со јаболка.

По ручекот и прошетката, Виткој и Кушнер отидоа во Кремљ каде што се сретнаа со рускиот претседател Владимир Путин.

ИЗДВОЕНИ