Овој датум не е само дел од историјата на државата, туку и обврска да ја зачуваме и понатаму да ја унапредуваме визијата за современа држава насочена кон мир, напредок и евроатлантска интеграција, вели собранискито спикер во честитката по повод Илинден
Претседателот на Собранието Африм Гаши упати честитка по повод државниот празник Илинден, во свое име и во име на пратeниците. Тој вели дека Днеот ан Републиката претставуваат темел на заедништвото и на
институциите на државата.
Овој датум не е само дел од историјата на државата, додава тој, туку и обврска да се унапредува визијата за современа држава насочена кон мир, напредок и евроатлантска интеграција.
„Нека овој ден биде поттик за размислување за заедничкиот пат што го изградивме како држава и како општество, како и за понатамошно охрабрување на меѓусебното разбирање, соработка и посветеност кон доброто на татковината, без разлика на етничките, верските или политичките разлики“, вели Гаши.
Претходно, медиумите јавија дек апоради здравствени причини, собранискиот спикер нема да присуствува на манифестации за одбележување на празникот.
Потпретседателката на Собранието, Весна Бендевска, ќе предводи собраниска делегација во Пелинце и во манастирот „Прохор Пчински“.
Со низа свечености и манифестации денеска ќе биде одбележана 122 годишнината од Илинденското востание и Крушевската Република и 81 години од Првото заседание на АСНОМ.