Јапонските Нипон Стил и УС Стил се на пат да го завршат договорот за спојување во вредност од 14,1 милијарди долари (12,3 милијарди евра) со посредство на администрацијата на Трамп пред крајниот рок од средината на месецот.
Договорот ќе стави крај на една и пол година од преговорите за спојување на производителите на челик во втората по големина во светот, објави Блумберг.
Разговорите меѓу компаниите и американската влада за договорот се во тек и се очекува да бидат завршени пред крајниот рок за спогодба до 18 јуни, според луѓе запознаени со ситуацијата кои зборуваа под услов да останат анонимни бидејќи разговорите се доверливи, објави Блумберг.
Трамп претходно промовираше „голема зделка“ која извлече дополнителни отстапки од Нипон Стил. Договорот би го продолжил животниот век на постоечките погони на US Steel, кои долго време ја оптоваруваат компанијата со итна потреба од значителни, но тешко достапни капитални инвестиции.