Шпанскиот кошаркарски стратег, Чави Пасквал, нема да ја продолжи својата работа во Барселона откако добил богата понуда од Дубаи и решил да ја продолжи кариерата на Блискиот Исток. Според шпанските медиуми, искусниот стратег потпишал договор на три сезони, вреден 12 милиони евра, со што ќе стане најплатениот тренер во Евролигата. Тоа значи дека од следната сезона ќе го гледаме и во АБА-лигата, каде што Дубаи веќе има големи амбиции.

Пасквал има 54 години и богата кариера зад себе, а најголем успех му е титулата во Евролигата со Барселона, во 2010 година. Во текот на кариерата ги водеше и Панатинаикос и Зенит пред повторно да се врати во Барселона.

Во Дубаи, сезонава веќе имаше тренерска промена, по заминувањето на Јурица Големац, тимот го презеде Александар Секулиќ, како привремено решение до крајот на сезоната.

ИЗДВОЕНИ