Бутел ќе добие Дом на културата и плоштад до црквата „Свети Јован“

33

Решени се сите имотно-правни проблеми, а изработен е и проектот за Дом на културата и за плоштад веднаш до црквата „Свети Јован“ во населбата Бутел.

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, истакна дека архитектите подготвиле и 3Д-анимација на проектот.

Според Костовски, Домот на културата ќе биде нов симбол на културно-забавниот живот, кој ќе има кат и приземје и ќе се простира на површина од околу 900 квадратни метри.

Плоштадот, пак, ќе се простира на површина од 3.000 квадратни метри и целосно ќе го промени ликот на општината.

– Ова е еден од проектите кој граѓаните на Општина Бутел го очекуваат долго време и конечно ќе се реализира. За него ќе бидат потребни 100 милиони денари, средства што ќе бидат обезбедени од буџетот на Општина Бутел – информираше Костовски.

ИЗДВОЕНИ