Новак Ѓоковиќ повторно се најде во центарот на вниманието по елиминацијата во првото коло на САД опен. Американскиот новинар Ден Вокен во колумна за „Јаху спорт“ жестоко го опиша настапот на српската легенда.

  • Ѓоковиќ талкаше по теренот, нестабилен и исцрпен, како да брза да се врати дома, напиша Вокен.

Тој посочи дека Новак во текот на мечот постојано користел облоги со мраз и се борел со болките. Според него, Ѓоковиќ изгледал како боксер кој едвај се држи на нозе и го чека крајот на борбата.

  • Неговото тело му врескаше: „Доста е“. Прашањето е дали Ѓоковиќ конечно ќе го послуша?, се прашува американскиот новинар.

Вокен сепак потсетува дека Новак и на 39 години постигнува резултати за кои би сонувале многу тенисери. Сепак, проблемите со физичката состојба се натрупуваат, а последниот меч само ја засили дилемата за неговата иднина.

  • По 24 гренд слем титули, олимписко злато и сè што некогаш сакал од овој спорт, дали неговата награда е страдањето што си го нанесува секојпат кога ќе излезе на теренот?, заклучува Вокен.

ИЗДВОЕНИ