Катастрофалните ненадејни поплави што го погодија Непал и регионот што се граничи со Тибет одзедоа најмалку 389 животи во Непал, а речиси 1.500 луѓе сè уште се водат како исчезнати, повеќето од нив странци, соопшти денес непалската полиција.
Спасувачите очајно бараат преживеани по катастрофалната поплава што ја погоди границата меѓу Непал и Кина, објави „Би-би-си“.
Експертите веруваат дека причината за поплавите не е земјотрес, туку „ледник што се урива и предизвикува бура од остатоци“, изразувајќи загриженост за можен „втор и трет бран“ што би можел да биде предизвикан од остатоци во реките.
Српски државјанин е еден од повеќе од 1.300 лица кои се водат како исчезнати по ненадејните поплави во граничната област меѓу Кина и Непал предизвикани од уривање на глечер во Тибет, објави денес Непалската Национална туристичка организација.
Многумина се водат како исчезнати странци кои биле во погодената област на планинарење или поклонение на свето хиндуистичко место, пренесе „Танјуг“.
#Nepal Flood की यह वीडियो देखकर के आपके होश उड़ जाएंगे
देखिए किस तरह 1 मिनट के अंदर अंदर सब कुछ बिखर गया 😭 pic.twitter.com/R3wXRmYqFO
— Ayesha Khan (@Ayesha0Khaan) August 27, 2026












