вторник, февруари 24, 2026
Дома СВЕТ Британските пратеници одобрија објавување на доверливи документи поврзани со поранешниот принц Ендру

Британските пратеници одобрија објавување на доверливи документи поврзани со поранешниот принц Ендру

28
Фото:принскрин, видео Х

Долниот домот на парламентот во среда одобри објавување на документи поврзани со назначувањето на поранешниот принц Ендру за трговски претставник на земјата.

Не е познато кога документите би можеле да бидат достапни, бидејќи поранешниот принц беше уапсен минатата недела под сомнение за злоупотреба на јавна функција.

Владата јасно стави до знаење дека не сака да се меша во истрагата.

Ед Дејви, лидер на опозициските либерални демократи и пратеник кој го поднесе барањето документите да бидат објавени, рече дека е време за транспарентност.

„Во многу погледи ова е првиот вистински глобален скандал од Белата куќа и Силиконската долина до Осло и Париз, но тоа е исто така и длабоко британски скандал што допира до врвот на британскиот естаблишмент“, рече Дејви, отворајќи ја дебатата.

Помладиот брат на кралот Чарлс Трети, на кого му беше одземена кнежевската титула минатата година по откритијата за неговата врска со осудениот сексуален престапник Епстин, беше уапсен минатата недела под сомнение за злоупотреба на јавна функција, со обвинувања дека споделувал доверливи документи со Епстин кога бил трговски претставник.

Ендру Маунтбатен-Виндзор, како што е сега познат, беше ослободен по 11 часа полициско испрашување без обвинение, а истрагата продолжува.

Дебатата во британскиот парламент доаѓа откако милиони страници документи поврзани со Епстин, објавени од Министерството за правда на САД, открија како богатиот финансиер користел меѓународна мрежа од богати, моќни пријатели за да стекне влијание и сексуално да експлоатира млади жени.

Последиците од протечените документи не се почувствуваа никаде повеќе отколку во Велика Британија, каде што скандалот покрена прашања за тоа како се користи моќта во рамките на аристократијата, високите политичари и влијателните бизнисмени, колективно познати како „естаблишмент“, пренесе „Бета“.

ИЗДВОЕНИ