Застрашувачки детали за нападот
Деталите за двата напада во јужноанглискиот град Фордингбриџ ја шокираа јавноста, што доведе до бројни жалби поднесени преку механизам што им овозможува на граѓаните да побараат од Службата за крунско обвинителство да ги преиспита казните за кои сметаат дека се премногу благи.
Една жртва, тогаш 15-годишна, била силувана од две момчиња во подвозник покрај река откако се согласила да се сретне со едно од нив. Снимката била споделена на социјалните медиуми, изјавија обвинителите пред судот.
На друго девојче, тогаш 14-годишна, ѝ се заканувале со нож и била принудена да го остави телефонот и AirTag во продавница за да не може да се следи нејзиното движење. Таа била однесена на оддалечено поле, каде што двајцата обвинети ја силувале, снимајќи го и нападот.
„Тој (судијата) практично призна дека тоа што го направија момчињата не било правилно, ама во очите на закот било во ред затоа што уште се деца“, изјавила таа анонимно. „Чуму тогаш сето ова низ кое што морав да поминувам?“
Две момчиња, кои во времето на вршењето на делото инале 14 години, а сега имаат 15, добија тригодишни „воспитни мерки за рехабилитација“ со 180 дена „интензивен надзор и следење“. Третото момче, кое сега има 14 години, а тогаш имало 13, доби 18-месечка мерка за рехабилитација поради помагање и поттикнување во вториот напад. Двајцата 15-годишници се осудени и за поседување недолични фотографии од дете.
При изрекувањето на пресудата, судијата рекол дека сака „да избегне непотребна криминализација на овие деца“.
На судот се слушна дека едно од момчињата имало коефициент на интелигенција во „долните 1% од неговите врсници“ и му е дијагностициран ADHD. На другото момче исто така му е дијагностициран ADHD, како и „долгорочна анксиозност“. Третиот обвинет беше опишан како лице со „благо когнитивно оштетување“.












