Американскиот министер за здравство, Роберт Ф. Кенеди помладиот, објави видео од себе како фаќа две змии со голи раце. „Пресметката“ со змиите, која беше снимена со камера додека неговата сопруга, актерката Шерил Хајнс, го гледаше целиот настан, се случи во куќата на плажа во сопственост на Мехмет Оз, администраторот на Центарот за Медикер и Медикејд услуги.
„Шерил навива за отстранување на две змии од тремот на д-р Оз“, напиша Кенеди на социјалните мрежи.
Во видеото, неговата сопруга може да се слушне како постојано вика „Боби, зошто?“ додека Кенеди се обидува да фати две црни змии во аголот на тремот.
Потоа, Кенеди Помладиот се насмевна и ги држеше змиите кон камерата додека тие продолжуваа да се извиткуваат. Во еден момент, една од змиите, како што се гледа на видеото, го касна за прстот.
Cheryl cheerleads the removal of a pair of Black Racers from Dr Oz's patio. pic.twitter.com/A0iiRzOeIF
— Robert F. Kennedy Jr (@RobertKennedyJr) May 26, 2026
Американскиот министер подоцна појасни дека станува збор за таканаречена тркачка змија, која не е отровен вид.












