четврток, август 27, 2026
Дома СВЕТ Британци починале на екстремно планинарење во близина на Дубаи на +50 степени...

Британци починале на екстремно планинарење во близина на Дубаи на +50 степени Целзиусови

0

Двајца пријатели од Велика Британија починаа за време на планинарење во пустина во близина на Дубаи, на температури кои достигнувале 50 степени Целзиусови. Телата на Аран Мартинсон (33) и Кесиус Њутон (34) спасувачките екипи ги пронашле на 18 јули во планинското подрачје Вади Накаб, пишува „Би-би-си“.

На сослушувањето во Челмсфорд, мртвозорникот Мишел Браун изјави дека прелиминарните причини за смртта се срцев и респираторен застој, проследени со екстремно зголемување на телесната температура, откажување на органите и топлински стрес предизвикан од високите температури.

Одвајцата живееле во луксузно одморалиште во Рас Ал Хаима, околу 120 километри северно од Дубаи. На планинарење тргнале околу седум часот наутро. Сопругата на Њутон, која била во Велика Британија, го пријавила неговото исчезнување откако тој не ѝ се јавил.

Мртвозорникот наведе дека се движеле по рекреативна патека за која не била потребна опрема за качување. Пронајдени се на три до четири километри од возилото, а нивните тела биле оддалечени околу 350 метри едно од друго.

Њутон, аматерски фудбалер од Пул, и Мартинсон, татко на три деца, се пронајдени меѓу големи карпи. биле пренесени во болницата во Рас Ал Хаима, каде што подоцна била потврдена нивната смрт.

Мартинсон неодамна се преселил во тоа подрачје поради работа во глобална компанија. Неговата сопруга го опиша како исклучително мотивиран, вреден и амбициозен човек кој бил возбуден поради новото поглавје во кариерата.

Од Њутон се простија и фудбалските клубови за кои настапувал. Од Истли, член на Националната лига, порачаа дека веста за неговата смрт длабоко ги натажила.

Истрагата за околностите на нивната смрт ќе продолжи, а новиот термин за сослушување ќе биде одреден дополнително.

ИЗДВОЕНИ