Брат си ја застрелал сестрата покрај срцето – спасена со „операција на слепо“

279

За време на подготовки за свадба во село Мало Блашко покрај Лакташ во БиХ, брат случајно пукал во сестра си на само сантиметар од срцето. Повредената жена преживеала благодарение на брзата интервенција на лекарите.

„Во пресудните моменти врвен тим лекари благодарение на исклучително брзата и стручна интервенција го спасиле животот на пациентката“, соопштија од Универзитетскиот клинички центар на Република Српска, каде што била хоспитализирана.

Поради итноста на ситуацијата и недостиг на време, операцијата била изведена „на слепо“ без рендгенска снимка.

Лекарите го отвориле градниот кош, го лоцирале и го отстраниле куршумот и во текот на зафатот извадиле два литри крв. Станува збор за исклучително ретка и тешка операција, која бара врвно познавање, искуство и одлучност – сè што, како што наведуваат од болницата, поседува нивниот тим.

ИЗДВОЕНИ