недела, јануари 18, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Бранко Азески добитник на наградата „Менаџер на деценијата во коморскиот систем“

Бранко Азески добитник на наградата „Менаџер на деценијата во коморскиот систем“

109

Претседателот на Стопанската комора на Македонија и потпретседател на Коморскиот инвестициски форум (КИФ) Бранко Азески е добитник на наградата „Менаџер на деценијата во коморскиот систем“ – Златна плакета.

Наградата на Азески му се доделува за исклучителен придонес во развојот на коморскиот систем, јакнење на регионалната соработка и бизнис без граници.

Наградата, како што информира Стопанската комора, ќе му биде врачена на 3 јули на свеченост во Сараево, а Азески ќе зборува и на форумот „Вештачката интелигенција во бизнисот”, што ќе се одржи истиот ден.

Азески во 2013 година беше прогласен и за „Менаџер на годината”, а Стопанската комора за „Најкомора во регионот”.

Овие награди, секоја година, ги доделува Европската независна агенција за избор и промоција на најуспешните деловни лугје и компании во регионот, како поттик и признание на бизнисмените за регионалниот развој.

ИЗДВОЕНИ