Хитот од 1994 година „All I Want for Christmas Is You“ е на божиќните топ листи со децении, а на Мараја Кери ѝ донесе богатство од 540 милиони долари.
Според „The Economist“, божиќната песна ѝ носи на Мараја Кери околу 3,8 милиони долари годишно, додека „Forbes“ ја проценува нејзината годишна заработка на 4,6 милиони долари.
Песната е стримувана повеќе од 2,24 милијарди пати само на Spotify, а нејзините вкупни авторски права од нејзиното објавување се неверојатни 92 милиони долари.
Мараја го финансирала својот луксузен животен стил благодарение на хитот.
Во 2016 година, таа живеела со својот тогашен вереник, австралискиот милијардер Џејмс Пакер, во раскошна вила со шест спални соби во затворената заедница „The Oaks“ во Лос Анџелес, наводно само две куќи подалеку од Кортни Кардашијан.
Киријата била 350.000 долари месечно, а вилата имала девет бањи, базен и кошаркарско игралиште. Нивната врска заврши во октомври истата година, а Пакер призна дека раскинувањето било еден од најтешките периоди во неговиот живот.
Мараја не го споменала Пакер во својата автобиографија од 2020 година, „The Meaning of Mariah Carey”.
Со текот на годините, Мараја поседувала голем број имоти, од две луксузни адреси во Трибека во Њујорк, вклучувајќи пентхаус од 8,5 милиони долари, до раскошна вила од 136,7 милиони долари во Лос Анџелес со тогашниот сопруг Ник Канон, која подоцна ја продале.
Таа поседувала и друга куќа во Лос Анџелес, која ја продала во 2015 година за 13,9 милиони долари, како и имот на Бахамите, објавува Showbuzz.
Сепак, не сите инвестиции биле успешни, бидејќи Мараја забележала загуба во 2023 година, продавајќи вила во Атланта за „само“ 6 милиони долари.
И покрај нејзиниот бурен личен живот, едно е сигурно: „All I Want for Christmas Is You“ останува нејзиниот најпрофитабилен хит, полнејќи ги нејзините џебови секоја зима и потврдувајќи дека Божиќ, барем музички, е нејзина територија.












