Бомба од Втората светска војна, долга околу 40 сантиметри, била пронајдена меѓу компири и поминала низ погон за сортирање и перење во фабрика во Анкум, во округот Оснабрик во Долна Саксонија. Вработените ја забележале дури кога дошла на транспортна лента.
Шпигел објави дека полицијата соопшти дека експлозивната направа ја подигнала машината за собирање компири и ја однела на фармата.
Вработените во фабриката забележале чуден предмет на транспортната лента и ги повикале службите за итни случаи.
Единица за деактивирање бомби ја детонирала бомбата.
Неколку куќи беа евакуирани, а жителите беа привремено принудени да ги напуштат своите домови.
Во друг инцидент во Гох на Долна Рајна, 16-годишник беше лесно повреден кога експлодираше куршум што го пронашол со детектор за метал на поле.
Според полицијата, тинејџерот го пронашол и го зел куршумот, по што тој експлодирал. Не е јасно дали муницијата е од Втората светска војна или е понова.
Полицијата ги предупреди граѓаните да не ја допираат пронајдената муниција, туку да ги информираат надлежните органи за сè.
Во Берлин, синоќа успешно беше деактивирана авионска бомба од 100 килограми, пронајдена во бродски канал во округот Нојкелн.
Околу 5.600 домаќинства беа евакуирани поради операцијата, а околу местото на откривањето беше воспоставена зона на забрана со дијаметар од 500 метри.
Детонаторот на бомбата беше одвоен и уништен, по што полицијата објави дека повеќе нема опасност и ги крена сите кордони.
Евакуацијата траеше подолго од очекуваното поради неколку установи за нега кои се лоцирани во зоната на забрана.












