Еден од најдобите фудбалери на светот, Португалецот Кристијано Роналдо (41), би можел повторно да ги помести границите на светскиот фудбал. Според португалските медиуми, легендарниот напаѓач сериозно ја разгледува можноста да настапи и на Светското првенство во 2030 година.

Иако засега нема официјална потврда ниту од Роналдо, ниту од неговиот тим, ваквите информации предизвикаа огромно внимание во Португалија и ширум светот. Главната причина за ваквата идеја е тоа што Португалија ќе биде еден од домаќините на јубилејниот Мундијал, заедно со Шпанија и Мароко, додека воведните натпревари по повод 100 години од првото Светско првенство ќе се одиграат во Јужна Америка.

Доколку се одлучи да продолжи со репрезентативната кариера дотогаш, Роналдо би настапил на домашен Мундијал и би испишал уште едно историско поглавје во својата богата кариера.

Ако овие најави станат реалност, тоа ќе биде уште еден неверојатен подвиг на еден од најголемите фудбалери на сите времиња, кој и во петтата деценија од животот продолжува да ги поместува границите на можното.

ИЗДВОЕНИ