Владејачката партија ГЕРБ во Бугарија денес ја објави својата подготвеност за одржување предвремени избори, по масовните протести во земјата и барањата од бугарскиот претседател Румен Радев за итна оставка на владата поради неуспехот да се усвои буџетот за 2026 година.
„Повеќе нема да се придржувам и молчаливо да прифаќам секакви луди барања во врска со несомнено лошо структурираниот буџет за 2026 година. Или застанете со ГЕРБ и заедно, обезбедувајќи мнозинство од 121 пратеник, да изготвиме нов буџет, или одиме на нови избори“, напиша лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, на Фејсбук.
Ова е првата реакција на Борисов по серијата масовни протести против усвојувањето на предлог-буџетот за следната година, објавува Радио Бугарија.












