По повод 35-години од смртта на најомилениот боем меѓу пејачите! Сè беше премногу емотивно, особено кога пејачот Дарко Лазиќ клекна пред сопругата на Тома Здравковиќ. Таа не издржа, гласно се расплака. Сите учесници пеевме во еден глас, овациите не престануваа, а целата сала стана на нозе, на самиот крај на концертот. Додека пеев, почувствував неверојатна енергија

 По повод 35-годишнината од смртта на легендарниот пејач, боемот Тома Здравковиќ, во преполнетата сала „Сава-центар“ во Белград, вчера вечер се одржа грандиозен гламурозен комеморативен концерт, со учеството на најпопуларните пејачи.

Меѓу нив, свој настап имаше и победникот на „Ѕвездите на Гранд“ од Македонија, исклучително популарниот Бојан Илиевски. Тој со посебна емоција го одбележа споменот на Тома пеејќи го неговиот безвременски хит „Се сеќаваш ли, Сања“.

Бојан настапи на инсистирањето на семејството Здравковиќ, заедно со другите естрадни ѕвезди кои ги пееја песните од богатиот репертоар на Тома. – Голема чест ми e што бев гостин на концертот во спомен на една таква легенда каков што е Тома Здравковиќ, а рамо до рамо со сите големи пејачи од естрадата. Кај мене не постои свирка без некоја негова песна. Посебно сакам да ја пеам песната „Данка“ по неколку пати за време на настапите. Ми беше исклучителна чест што бев дел од овој концерт, што пеев, што запознав нови луѓе. Сè беше премногу емотивно, особено кога пејачот Дарко Лазиќ клекна  пред сопругата на Тома Здравковиќ. Таа не издржа, гласно се расплака. Сите учесници пеевме во еден глас, овациите не престануваа, а целата сала стана на нозе, на самиот крај на концертот. Додека пеев, почувствував неверојатна енергија, која се надевам, успеав да му ја пратам на Тома таму некаде меѓу ангелите, емотивно раскажа Илиевски.На сцената во „Сава центар“, македонскиот музички херој приреди вистински емотивен момент кога ја изведе легендарната нумера „Сања“. Неговиот раскошен вокал и искрена емоција го направија своето. Нашиот Бојан притоа се присети и на својот тажен ден кога остана без мајка. Таа веќе неколку години е почината, а тој ѝ ветил дека никогаш нема да се откаже од пеењето. Тоа е вистина, а тоа секојдневно се потврдува.

Пред вечерниот настап во „Сава центар“, Бојан го посети вечниот дом на Тома – Централните гробишта во Белград, каде што запали свеќи и му одаде почит на славниот пејач, заедно со српската пејачка Јована Типшин и со Гоца Здравковиќ, сопругата на Тома, како и со Жаклина, ќерката на Тома.Медиумите забележаа дека Бојан не пристигна сам на концертот, туку во придружба на една згодна дама која со него зборуваше на македонски јазик. Дамата беше облечена во елегантен црн мини фустан, постојано беше слатко насмеана, но сепак и двајцата не сакаа ништо да раскажат за својата евентуална љубовна врска. – Нема ништо да откриваме за тоа. Барем, не засега. Кога ќе дојде вистинското време, ќе откриеме сè што ве интересира, беше упорен Бојан, чувајќи си го интимниот живот за себе и за девојката.

(Д. М.)

 

 

 

 

ИЗДВОЕНИ