Американските претставници подготвуваат можен напад врз Иран во наредните денови, објави Блумберг, повикувајќи се на неименувани извори запознаени со ова прашање.
Извори велат дека се во тек дипломатски разговори, вклучително и планирана средба меѓу министрите за надворешни работи на Велика Британија, Франција и Германија со нивните ирански колеги во петок во Женева.
Некои извори посочија дека е можно американскиот напад врз Иран да биде извршен во текот на викендот.
„Високи службеници во неколку федерални агенции, исто така, почнаа да се подготвуваат за нападот“, рече еден извор.
Американскиот претседател Доналд Трамп јавно разговараше за можен напад врз Иран во средата, велејќи дека има „идеи што да прави“.
Неколку часа претходно, Трамп рече: „Можеби ќе го направам тоа. Можеби нема да го направам“, кога беше прашан дали е неизбежен напад врз Иран.