Општина Битола ги известува жителите дека започнува со организација на буџетски форуми во заедницата со цел заедничко планирање на општинскиот буџет за 2027 година.
Првата работна сесија од буџетскиот форум ќе се одржи на 19.10.2026 година, со почеток во 12:00 часот во Офицерскиот дом.
Општина Битола ги поканува сите заинтересирани граѓани да земат учество во работата на Форумот и да дадат свој придонес кон планирањето на општинскиот буџет за 2027 година.












