петок, август 28, 2026
Дома СВЕТ Беше познат како „дедо на нацијата“: По здравствени компликации, почина норвешкиот крал...

Беше познат како „дедо на нацијата“: По здравствени компликации, почина норвешкиот крал Харалд

193
EPA/FREDRIK VARFJELL / POOL NORWAY OUT

Норвешкиот крал Харалд Петти почина на 89-годишна возраст, откако минатата недела беше хоспитализиран поради лекување на ретко заболување на крвта, пренесува Би-Би-Си.

Кралската палата во Осло соопшти дека тој починал утринава во 6:35 часот по локално време во националната болница во Осло.

Во 24-те часа пред неговата смрт, членови на кралското семејство го посетија кралот, додека граѓаните оставаа цвеќе пред палатата.

Негов наследник ќе биде неговиот син Хакон.
Харалд беше првиот норвешки крал роден во Норвешка по 14-тиот век. Негов наследник ќе биде неговиот син, Хакон.

По 35 години на престолот, тој ќе остане запаметен како популарна личност која спроведе реформи и ја модернизираше монархијата, ја прекрши традицијата со тоа што се ожени со жена што не потекнува од кралско семејство и служеше како обединувачка фигура во најтешките времиња за Норвешка.

Познавачите на кралските прилики го опишуваат како човек кој цврсто стои на земја, почитуван и сакан, нарекувајќи го „дедо“ на нацијата и „крал на народот“ – титула што се користеше и за неговиот татко, кралот Олав Петти.

ИЗДВОЕНИ