Сакраменто кингс остана без Бен Симонс пред почетокот на новата НБА-сезона, откако тој ја скина Ахиловата тетива на десната нога, на тренинг. Првичните прогнози се песимистички и најавуваат можно отсуство до крајот на сезоната.

Симонс летово пристигна во Сакраменто со едногодишен договор вреден 3,5 милиони долари, надевајќи се дека ќе ја „оживее“ кариерата по тешкиот период исполнет со здравствени проблеми.

По повредата, тој се огласи на социјалните мрежи и порача дека нема намера да се откаже.

  • Оваа повреда е само уште едно поглавје на мојот пат, а не крај на мојата приказна. И претходно сум паѓал, но секогаш сум наоѓал начин повторно да станам. И овој пат нема да биде поинаку – напиша Симонс.

Наместо долгоочекуваното враќање, сега го очекува нова, тешка битка за заздравување, а Кингс останува без него.

ИЗДВОЕНИ